Jumpido

Едукативни игри базирани на Kinect за Windows

Џампидо е серија на едукативни игри по Математика за ученици од основното образование. Игрите комбинираат едноставни и природни телесни движења вклучувајќи решавање на Математички проблеми на тој начин правејќи го учењето уживање за секого.

 

Карактеристики

Jumpido сказните ги водат децата низ прекрасниот свет на учењето

Играј, забавувај се и учи

Кошнички

Во оваа игра патуваме до планините, каде треба на малата верверичка да и помогнеме да ги дофати желадите. Но патеката на нашата пријателка има предизвик - таа треба да ги сортира нејзините математички проблеми во различни кошнички пред да ја достигне целта. За среќа, таа ве има вас во пар да и помогнете со сортирањето. За да го сторите тоа, едноставно земете ги задачите со вашите раце и однесете ги до вистинските кошнички.

Балони

Дали некогаш сте посакале да пукнете некој балон? Секако ќе уживате во оваа игра. Ние бараме вистински одговор на нашите прашања, но тој е изгубен помеѓу сите шарени балони. Ние треба да се ослободиме од сите погрешни одговори и доколку е потребно да користиме помош. Како ќе се случи тоа - едноставно за таа цел употреби ја твојата рака и исчисти го екранот од сите неточни одговори. Пријателите се поканети исто така да учествуваат во играта.

Патеки

О, не! Ежињата во нашето село пронајдоа навистина добри овошки, посакаа да ги однесат дома на нивните сакани, но го изгубија патот. Можете ли да им помогнете? Ние вистински можеме да ја употребиме раката за да им помогнеме на ежињата да стигнат безбедно на мостот и да ги одведеме до нивните куќи. Но бидете внимателни-ежињата не сакаат непоканети гости!

Фудбал

Еве една лесна игра - кој ќе постигне најмногу голови победува. Играј прoтив твојот пријател и движи ја топката до вистинскиот одговор. Скокни за да одиш горе и клекни (чучни) за да одиш долу. Кога си на точниот одговор шутирај најдобро што можеш. И потруди се да бидеш побрз - на крајот само еден ќе биде победник на светскиот куп!


Случки

Самовилите сакаат да играат игра. Тие ќе ви дадат совети за добивање на нивниот магичен глобус на знаење. Ако ја завршиш својата потрага според нивните совети, ќе ја добиеш наградата „Засекогаш умен“. Но бидете внимателни, постојат други, кои исто така ја сакаат наградата, па мора да бидете првиот што ќе ја освои.

Сортирање

Каков забавен ден - јаболки се истураа од небото! Брзо, помогнете ни да ги спасиме од паѓање и да ги ставиме на вистинското дрво. Соработувај со твојот пријател и туркај ги јаболките во вистинскиот правец. Двајцата од вас треба да ја бранувате својата рака во иста насока, во спротивно јаболката нема да знае каде да оди и ќе падне на земја.

Услови

За работа на Jumpido потребно ви е:

  • Сензор Kinect за Windows
  • Оперативен систем Windows 7 или Windows 8
  • Dual-core 2.0-GHz или побрз процесор
  • 2GB RAM
  • 1 GB слободен простор на дискот
  • Влез за USB 2.0 порт
  • Надворешна графичка карта